Азар: Ја донесов одлуката околу иднината, но не е сè до мене
Запрашан од медиумите дали финишот на третото место на табелата во Премиерлигата и пласманот во финалето од Лигата на Европа ја промениле неговата конечна иднина, Белгиецот вели дека ништо не е сменето.
„Не, не верувам. Јас ја донесов мојата одлука и тоа е тоа. Јас ја донесов одлуката, но не се работи само за мене. Имаме финале за играње, а потоа ќе видиме. Сакав оваа ситуација веќе да биде решена, но тоа не се случил. Јас и натаму чекам, како што чекате и вие, како што чекаат и навивачите“, изјави Азар.
Шпекулациите секојдневно се зголемуваат дека Азар од идната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.