Контроверзниот португалски менаџер Жозе Мурињо од декември лани е без работа, откако доби отказ во Манчестер јунајтед, па сега е главен фаворит на Флорентино Перез за да се врати на клупата на Реал Мадрид, по катастрофалната сезона на „кралскиот клуб“.

Иако „специјалниот“ не го сакаат многу во Мадрид, барем поголемиот дел од Бордот на директори на „кралевите“, како и најголемите ѕвезди во клубот, сепак Перез не отстапува од целта да го донесе повторно на „Сантјаго Бернабеу“. И додека Мурињо чека повик за да се врати во Реал, Португалецот ужива на плажа во Доха и тоа со швалерката.

Од пред една година, англиските медиуми објавија дека Мурињо има љубовница и тоа во 41-годишната Пру Картер Робинсон, а папараците успеале да го уловат и сега во Катар, заедно со својот долгогодишен соработник и помошник Рикардо Формосињо.

Мурињо е во Катар поради договорот со „Беин Спорт“ вреден 100.000 фунти.

„Жозе и Пру се многу внимателни во јавноста, па дури и не лежат еден до друг на лежалките на плажа“, тврди изворот од Доха за англиски „Сан“.

Инаку Мурињо и Пру, наводно се во врска уште од времето кога Португалецот беше тренер на Реал, па многу често заедно поминуваат дел од одморот на атрактивни локации низ светот. Инаку Мурињо е во брак веќе 30 години со Матилде со која има две деца. Дека Мурињо има паралелна врска, англиските таблоиди открија во минатата година.

Интересно, Жозе и покрај отказот не може без Манчестер јунајтед, па на неговиот телефон и понатаму стои грбот на „црвените ѓаволи“.