Големо засилување: Бојан Трајковски потпиша за Гостивар!
Трајковски сезоната ја почна во унгарски Пакс, но пред неколку денови го раскина догоорот со овој клуб и како слободен играч сега се договорил со Гостивар, па од понеделник треба да им се придружи на новите соиграчи.
Гостивар по 12 кола е четвртопласиран на табелата со скор 8-4, а пред нив се само Работнички како лидер со скор 11-1, а МЗТ Скопје и Блокотехна имаат скор 10-2.
Трајковски е македонски репрезентативец кој во својата кариера играше за Балкан Стил, Работнички, Фени Индустри, Торус, Куманово, МЗТ Скопје и Карпош Соколи, додека во странство беше дел од Сигал Приштина и Чарни Слупск.