Енди Мареј елиминиран во осминафиналето во Бризбејн
Русинот Данил Медведев го совлада Мареј со 2-0 по сетови 7:5 и 6:2. Британецот одигра нешто подобро во првиот сет, но во вториот стартуваше со негатива од 4-0 и веќе беше јасно кој ќе излезе како победник од овој дуел.
Медведев во четвртфиналето ќе игра против Милош Раониќ. Овој АТП турнир од серијата 250 се игра до 6 јануари, а наградниот фонд изнесува 527.000 долари.