Боксерска легенда од Куба заврши в затвор поради силување на малолетник
Најуспешниот боксер на сите времиња од карипската држава, кој беше прогласен за „херој на Куба“ го приморал насилно 12-годишното момче на секс, но да е трагедијата поголема, ова не бил прв случај за сексуално злоставување на деца од негова страна. Наводно, Савон и претходно „бркал“ малолетни момчиња, но до неодамна имал заштита како „херој на Куба“, па полицијата не смеела да го чепка.
Ама, веројатно сега ги минал сите граници и сега е во затвор. Нема информации дали веќе е осуден или допрва го очекува судење за кое може да се јават уште оштетени деца и да се соочи со сериозно големо и тешко обвинување за педофилија.
Феликс Савон е еден од најдобрите боксери на светот во аматерска конкуренција, а познат е и по тоа што стотина пати одби да влезе во професионалните води, а одбиваше и дуели со американскиот ѕвер Мајк Тајсон, за борби кои можеа да му донесат милиони на контото. На неговото свечено заминување во пензија присуствуваше и таткото на нацијата, сега веќе покојниот Фидел Кастро, што најдобро говори каков статус имал во земјата во која боксот е национален спорт.