Јунајтед драстично ја намалил цената за Погба!?

Англиските медиуми пишуваат дека Пол Погба ја соопштил неговата намера на клубот дека сака да замине, па сега три екипи се во битка за неговиот потпис.

Французинот сака да „избега“ од Манчестер уште во јануари, а ветувањето дека желбата ќе му се исполни, добил од агентот Мино Рајола.

Според Англичаните цената на Погба би можела да изнесува околу 150 милиони евра, односно многу помалку од претходно.

Јунајтед не сака да го продаде во Премиерлигата, па приказните за потенцијален трансфер во Челси автоматски пропаѓаат.

ПСЖ би можел да ја плати таа сума за Французинот, додека Барселона уште размислува дали би требала да тргне во таков потег.

Третиот клуб кој е заинтересиран е Јувентус, но наводно Италијанците биле подготвени да понудат само 100 милиони евра.