„Татко ми го обожаваше Федерер, а јас за негов инает, навивав за Ѓоковиќ“
Фарија е роден кога Ѓоковиќ ги правел првите чекори во професионалниот тенис, а имал можност да расте додека Србинот газеше на терените и ги остваруваше најголемите успеси. Гледајќи го него, дури и влегол во конфликт со татко му кој имал друг миленик.
„Кога бев дете, татко ми го обожаваше Федерер, а јас за негов инает навивав за Ѓоковиќ. И мојот брат исто така иако он имаше симпатии и кон Надал бидејќи беше леворак. Кога пораснав, го запознав и карактерот на Новак и многу ми се допадна начинот на кој размислува, какви ставови има и поради тоа уште повеќе го почитувам“, изјави Фарија.
Мечот меѓу него и Ѓоковиќ е планиран за 4 часот наутро по средноевропско време, а Португалецот во него влегува како 125. на АТП листата.