Касано откри колку гола очекува од Роналдо во Серија А
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Антонио Касано, кажа дека трансферот ќе му се исплати на Јувентус, но исто така дека „кралевите“ ќе играат одлично и без Роналдо.
„Ова е голем трансфер за Јувентус. Станува збор за фудбалер кој е секогаш фокусиран. Ќе остане запишан во историјата како еден од најголемите и тоа сигурно го заслужува, зашто го направи поради талентот и напорната работа. Ја имав честа да играм за Реал и знам како функционираат таму работите. Тие се поголеми од било кој друг шампион“, вели Касано.
Касано предвиде и колку гола ќе постигне Роналдо во Серија А.
„Роналдо има 33 години, но изгледа феноменално и сигурен сум дека во Серија А ќе постигнува по 30-40 голови во сезона. Алегри е најдобар можен тренер за Роналдо. Мислам дека трансферот ќе им се исплати на сите“, објаснува поранешниот напаѓач.