„Марка“: Реал Мадрид се засилува со поранешен играч на Барселона
„Марка“ пишува дека Реал е заинтересиран за Алкантара, кој ја почна кариерата во Барселона и играше во клубот од 2009. до 2013. година, а во 100 натпревари постигна 11 гола и 20 асистенции.
Алкантара во моментов е со репрезентацијата на Шпанија на Мундијалот во Русија и не е познато неговото мислење за преселба во Реал, но сигурно е дека нема лесно да се согласи на таков потег.
Меѓутоа, доколку Тијаго го одбере Реал, тогаш тоа би било поради новиот тренер Хулен Лопетеги, со кој одлично соработуваше во Шпанија.
Интересно е тоа што Алкантара е во моментов желба и на Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, но тешко дека Баерн Минхен ќе се согласи на понуда помала од 70 милиони евра.