Повеќе од 2.000 навивачи на Реал Мадрид ги вратиле билетите за финалето во ЛШ
Слабите авионски линии со Киев и високите цени за сместување во украинскиот главен град придонесоа дури 2.000 навивачи на Реал Мадрид, кои добиле билети за финалето преку лотаријата да се откажат од истите и да ги вратат во клубот.
Кај нив постои голема разочараност поради фактот што финалето се игра во Киев, па Реал Мадрид може да нема голема подршка од своите најверни навивачи. Вакво нешто ретко се случува кај големите клубови, односно кај нивните навивачи, бидејќи добивањето на билет за големото финале е остварување на сонот на секој навивач.