Последно шампионско крунисување: И Вардарки во празна сала го славеа трофејот (ФОТО)
Шампионската титула за вардарки беше одамна обезбедена, ама денеска со последниот триумф со 49-24 против Металург, црвено-црните дами завршија нова сезона без пораз. За Вардар ова е шести трофеј во низа, и црвено-црните се втор најтрофеен колектив по Кометал Ѓорче Петров.
Но се беше залудно, кога спортскиот центар „Јане Сандански“, како и во случајот со европските прваци, така и сега со европските вицешампионки зјаеше празен. Никој не дојде за последен пат да прослават со девојките кои од идната недела повеќе нема да се во Скопје. Впрочем ова беше и последното шампионско крунисување на првиот проект од вардаровото семејство кој го започна рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.