Падна и домаќинот Турција: Македонија со три победи го освои турнирот во Анкара!

Македонската ракометна репрезентација славеше против домаќинот Турција (30-27) и го освои меѓународниот пријателски турнир во Анкара, кој се играше во пресрет на Европското првенство (ЕП).

Нашите ракометарки одиграа неизвесно прво полувреме, кое им припадна со 16-15, додека во вториот дел беа уште подобри и стигнаа до триумфот од 30-27.

Најефикасни во победничкиот тим беа Сара Ристовска со шест, Јована Кипријановска со пет и Бојана Коцева со четири погодоци.

Македонските ракометарки претходно беа подобри од Финска и Италија.