Првиот отказ во НБА го доби тренерот кој има најлош скор во историјата

Брајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. Клубот му врачи отказ само неколку часа по убедливиот домашен пораз од Орландо Меџик со 91-116.

Вашингтон загуби 10 од последните 13 натпревари, а сезоната ја започна со учинок од седум победи и 13 порази.

Киф на клупата на Визардс оствари само 50 победи и дури 173 порази, односно процент на успешност од 22,4 отсто и тоа е најлош учинок меѓу сите тренери во историјата на НБА-лигата кои воделе најмалку 200 натпревари.

До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи неговиот прв асистент Адам Капорн.