Ново епско кукање на Мурињо: За поразот на Реал виновни се судиите и - новинарите!

За поразите на Реал никогаш не може да биде виновен никој во клубот, особено не Жозе Мурињо, па исклучок не е ни вчерашниот неуспех во дуелот со Алавес кој прежален дојде на „Бернабе“.

Како и по поразите од Бетис и Атлетико, португалскиот стручњак ги обвини сите наоколу, само не презеде ни промил од вината. Прво удри по главниот судија за работи кои се гледаат буквално на секој натпревари и кои ги прават и неговите фудбалери кога имаат водство и треба да задржат време.

„Судијата беше многу пристрасен и необјективен. Им дозволуваше неверојатни работи, толерираше прекршоци и крадење време. Од клупата на Алавес дури двапати ја уфрлаа топката на теренот со цел да ја прекинат играта, а тој и тоа им го толерираше. Згора на тоа, само пет минути судиско продолжение – неверојатно...“, почна Мурињо.

Потоа направи споредба со исклучувањата на играчите на Реал Мадрид во последните сезони, алудирајќи дека судиите имаат некаква навика да исклучуваат по еден фудбалер на мадридскиот гигант.

„Судиите секоја сезона едноставно мора да исклучат по еден играч на Реал, се чини дека тоа е задолжително. Овој арбитар сака на тој начин да ја покажува својата моќ. Пред две сезони го исклучи Мбапе. Минатата сезона Винисиус. Едвај чекам да видам кого ќе ни исклучат следната сезона без причина. Можеби Куртоа?“, додаде тренерот на Реал.

Мурињо се осврна и на спорниот пенал, признавајќи дека лично не бил целосно убеден дека имало прекршок, но дека му верува на својот фудбалер Џуд Белингам.

„Мене лично пеналот ми беше сомнителен. Сепак, Џуд вели дека имало пенал и јас му верувам. ВАР-проверката навистина траеше предолго. Му верувам на зборот на мојот играч“, се пожали, како и секогаш, Мурињо.

На крајот, тој упати и порака до новинарите, обвинувајќи ги дека едвај чекале Реал да загуби за да отвораат полемики околу Винисиус и Арда Ѓулер, наместо да се фокусираат на анализата на поразот.

„Едвај го дочекавте ова, нели? Уживате кога губиме, затоа што тогаш имате за што да зборувате и да измислувате работи. Немојте да го правите тоа, нема ништо во врска со Винисиус, ниту со Арда. Обидете се да останете фокусирани на анализата на поразот и на играта“, заврши тој.

Реал денеска може да падне на шест бода негатива во однос на Барселона ако каталонскиот успее да слави на незгодното гостување кај Ла Коруња. Дури тогаш, може да се замисли какво кукање ќе има од Мадрид.