Интер ѝ одржа лекција на Џенова, Турам со два гола ја предводеше голеадата! (ВИДЕО)
Лаутаро Мартинез го отвори резултатот во 29. минута, а аргентинскиот напаѓач десет минути подоцна се најде во улога на асистент, овозможувајќи му на Маркус Турам да зголеми на 2-0.
До паузата „нераѕурите“ успеаја да зададат уште еден удар, откако Петар Сучиќ беше сигурен од белата точка во третата минута од судиското продолжение.
Французинот Турам во 54. минута повторно ја затресе мрежата на Џенова и со својот втор погодок ги постави конечните 4-0.
Фото: Facebook/Inter