Томовски блесна со 14 одбрани, но Битигхајм загуби од Рајн Некар Левен!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште еден одличен настап во германската Бундеслига, но неговите 14 одбрани не беа доволни за позитивен резултат (26-30) на Битигхајм против Рајн Некар Левен.

Томовски се соочи со дури 43 удари кон својот гол, а успеа да запише 14 одбрани за 55 минути поминати на теренот.

Битигхајм во моментов се наоѓа во тешка позиција, односно на последното место во лигата со пет освоени бодови и му претстои тешка борба за опстанок во елитата.

Фото: SG BBM Bietigheim /Facebook