„Земјотрес“ во Ф1: Леклер добил неверојатна понуда за да го напушти Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер би можел да направи еден од најголемите трансфери во Формула 1, откако се појавија информации дека Астон Мартин е заинтересиран да го ангажира со понуда вредна околу 70 милиони евра годишно.

Според информациите на италијанскиот весник „Тутоспорт“, менаџерот на Леклер, Никола Тод, веќе стапил во контакт со раководството на Астон Мартин за можен трансфер.

Астон Мартин наводно го гледа Леклер како потенцијална замена за Фернандо Алонсо, кој има договор со екипата до крајот на 2027 година.