Атлетик Билбао ја победи Малага во натпревар со седум голови!
Гостите одиграа одлично прво полувреме и постигнаа дури четири гола. Сансет го отвори резултатот во 27. минута, Алекс Беренгер зголеми на 2-0, а потоа Нико Вилијамс и Уго Ринкон ја затресоа мрежата за високи 4-1 на паузата. Единствениот погодок за Малага во првиот дел го постигна Јенс Кахусте.
Сепак, домашниот состав не се предаде. Адријан Нино намали на 2-4 во 49. минута, а во 82. минута повторно погоди за 3-4. Сепак, домаќините немаа сила за уште еден погодок и на крајот останаа со празни раце.
Фото: Facebook/Athletic Club