Шпанците ја елиминираа В. Британија и закажаа финале со Италија!
Рафаел Ходар го донесе првиот бод за Шпанија, откако го совлада Камерон Нори со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5.
Потоа на теренот излезе Карлос Алкараз, кој не му остави многу простор на Артур Фери. Третиот тенисер на светот одигра доминантен меч и славеше со 6-2 и 6-1.
Финалето меѓу Шпанија и Италија се игра на 29 ноември.
Фото: Facebook/Rolex Paris Masters