Манчини призна: Веднаш сфатив дека направив огромна грешка со Саудиска Арабија!

Роберто Манчини отворено проговори за една од најголемите грешки во својата тренерска кариера – заминувањето од италијанската репрезентација во 2023 година и прифаќањето на понудата од Саудиска Арабија. Искусниот стратег признава дека многу брзо сфатил дека донел погрешна одлука, но тогаш веќе било доцна за враќање.

Во интервју за „Кориере дело спорт“, Манчини објасни дека неговото заминување не било резултат на желба да ја напушти Италија, туку на нарушената комуникација со тогашниот претседател на фудбалската федерација, Габриеле Гравина.

Според неговите зборови, со месеци имал чувство дека раководството чека прв посериозен проблем за да го замени. Разговорите за составот на стручниот штаб не донеле решение, а по натпреварот од Лигата на нации во Холандија следувал период на целосна тишина. Токму тогаш започнал да размислува за понудата од Саудиска Арабија, која му била најавена уште неколку месеци претходно. Сепак, денес жали што не ја решил ситуацијата директно со раководството на италијанската федерација.

„Погрешив што не поднесов оставка по Лигата на нации. Искрено, не сакав да заминам. Сакав да останам. Требаше да седнам во авион, да отпатувам во Рим и да разговарам со претседателот“, откри Манчини.

Најдиректен беше кога го прашаа кога сфатил дека направил грешка со прифаќањето на саудискиот предизвик.

„Веднаш! Но, веќе немаше враќање назад. Саудиска Арабија се покажа како неверојатно комплицирано искуство. Да беше Лука Вијали таму, ќе разговаравме и ќе решевме многу работи“, изјави италијанскиот стратег.

Манчини се осврна и на своето враќање на селекторската позиција, откривајќи дека ниту при првото назначување не бил прв избор на федерацијата. Предност имал Карло Анчелоти, но откако тој избрал друга опција, довербата му била дадена на Манчини. Италијанскиот тренер сега повторно има можност да ја води репрезентацијата и да се обиде да го повтори успехот од претходниот мандат, кога ја предводеше до европската титула во 2021 година.