Кадетките го растурија Косово на почетокот од квалификациите за ЕП!
Македонија ја контролираше играта од самиот старт на натпреварот и го доби првото полувреме со 15-9, додека во вториот дел ја чуваше предноста и оствари триумф против Косово (28-22).
Најефикасни кај Македонија беа Клара Филимановски, Ивана Глогуновска и Мина Ѓурчевска со по пет голови, додека Саманда Коњухај запиша пет погодоци за Косово.
Македонските кадетки следниот меч го играат утре од 18.30 часот против Литванија.