Мурињо донесе голема одлука за јануарскиот преоден рок!

Жозе Мурињо испрати јасна порака пред јануарскиот преоден рок дека во Реал Мадрид не сака ниту нови засилувања, ниту некој од фудблаерите да замине.

Португалскиот стратег е задоволен од играчкиот кадар и не сака трансфер-шпекулациите да ја нарушат атмосферата во соблекувалната.

„Нема ниту еден играч што не ми се допаѓа или што не го сакам во тимот. Не сакам никој да дојде, ниту некој да си замине. Вратата е затворена од двете страни“, порача Мурињо.

По 13 одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид е втор со 33 бодови, односно три поени помалку од лидерот Барселона. 

Фото: Facebook/RealMadridCF