Јувентус со пресврт до победа против Омонија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус вечерва во Лигата на Европа со пресврт славеа над кипарска Омонија со 4-1

„Старата дама“ не го започна натпреварот според посакуваното сценарио. Омонија во 15. минута преку Сатка стигна до предност, но тоа како да беше дополнителен мотив за италијанскиот тим да ја преземе контролата. Јувентус возврати во финишот на првото полувреме. Камбијасо во 37. минута израмни на 1-1, а Екатор во 43. минута донесе целосен пресврт и водство за домаќините пред паузата.

Во продолжението Јувентус не дозволи изненадување. Консеисао во 68. минута ја зголеми предноста, а Бога само пет минути подоцна го постави конечниот резултат од 4-1.

Дама имаше во дуелот меѓу Спарта Прага и АЗ Алкмар. Чешкиот тим имаше одлично прво полувреме и на одмор замина со предност од 2-0, благодарение на погодоците на Брунес и Видра. Но, гостите од Холандија целосно ја променија сликата на теренот по паузата. Со четири постигнати гола во вториот дел, АЗ направи голем пресврт и славеше со 4-2.

Резултати:

Кристал Палас – Реал Сосиедад 2-1
Ференцварош – Целје 0-0
Хофенхајм – Штурм 3-1
Јувентус – Омонија 4-1
Лион – Лилестром 0-0
НЕК Нијмеген – Рен 3-1
ОФИ – Андерлехт 1-3
Спарта Прага – АЗ Алкмар 2-4
Сандерленд – Јагелонија 1-1
Торенсе – Селтик 1-2