Хакерски напад врз ФИФА: Украдени доверливи документи и лични податоци!
Од ФИФА, сепак, засега не откриваат колку лица или организации се засегнати, кога точно се случил нападот и каков вид деловни документи биле компромитирани.
„ФИФА може да потврди дека била жртва на криминален сајбер-напад, кој резултирал со неовластен пристап до ограничен обем на лични и деловни информации“, изјавија од организацијата.
Инцидентот доаѓа во период кога ФИФА и актуелниот претседател Џани Инфантино се под зголемен притисок поради контроверзниот план за продажба на удел од Светското првенство на приватни инвеститори.