Карик по само 13 дена добива нова работа - на клупата на троен првак на Англија!?

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик (45), води завршни преговори за можно преземање на клупата на англискиот второлигаш Блекбурн роверс, пренесуваат медиумите од Манчестер.

Тој пред само тринаесет дена доби отказ од функцијата менаџер на „ѓаволите“, откако клубот падна во зоната за испаѓање во Премиер лигата. Претходно, тој го презеде тимот од „Олд Трафорд“ во вториот дел од минатата сезона и успеа да го доведе до третото место на крајот од првенството. Сепак, неговата пауза без ангажман би можела да трае мошне кратко, бидејќи Блекбурн покажува сериозен интерес за неговите услуги.

Членот на Чемпионшип неодамна остана без менаџер откако Тони Моубреј мораше да ја напушти должноста поради здравствени причини, па екипата во моментов ја водат привремените тренери Демиен Џонсон и Мајк Додс. За Керик враќањето во втората англиска лига не би претставувало непознат терен, со оглед на тоа што од 2022 до 2025 година го предводеше Мидлсброу во истото натпреварување. Иако пред неколку дена се поврзуваше и со клупата на Свонси, таа опција станува сè помалку веројатна.

Инаку, Блекбурн трипати ја освојуваше шампионската титула во Англија – двапати на почетокот на 20. век и третпат во сезоната 1994/95, додека во Премиер лигата последен пат настапуваше во сезоната 2011/12. Во тековната сезона од Чемпионшип, тимот се наоѓа на 13. место на табелата со учинок од шест победи, четири ремија и шест порази, заостанувајќи 13 бода зад лидерот Мидлсброу и 12 зад второпласираниот Вулверхемптон.