Гвардиола првпат проговори за преговорите со Италија и понудите од Саудиска Арабија!
Тој се обиде да ја објасни својата, за многумина, неочекувана одлука.
„Првпат зборувам за ова, но да, разговарав со нив. Речиси ми беше непријатно да ја одбијам Италија“, изјави Гвардиола за ЕСПН , додавајќи дека водењето на „Аѕурите“ би му претставувало „една од најголемите остварувања во кариерата“.
Тој откри дека во име на Италијанската фудбалска федерација го контактирале поранешните фудбалери на Милан, Паоло Малдини и Леонардо. И покрај нивниот повик, Шпанецот одлучил да не ја прифати селекторската функција.
„Сфатив дека ми треба пауза“, истакна Гвардиола, појаснувајќи дека по 18 години тренерска работа и постојан ритам на натпревари на секои неколку дена, сакал да си се посвети себеси.
По десет години поминати на клупата на Манчестер сити, Гвардиола моментно е без ангажман. Според пишувањата на шпанските и италијанските медиуми, тој се поврзуваше и со неколку клубови од саудиската лига, како и со селекторското место на репрезентацијата на Саудиска Арабија, но финансиските детали од тие понуди не се откриени.
Ова не е единствената понуда што ја одбил откако го напушти англискиот клуб, бидејќи претходно се споменуваше и како можен наследник на Маурисио Покетино на клупата на репрезентацијата на САД, откако Аргентинецот замина во Манчестер јунајтед и го препорачал токму Гвардиола за свој наследник.