Името уште им е магично: Ѕвезда на Борнмут призна дека сонува да игра за - Јунајтед!
Еден од најдобрите офанзивци сезонава во Премиер лигата го привлече вниманието на повеќе англиски гиганти, па сè погласни се шпекулациите дека би можел да го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок. Меѓу заинтересираните клубови по ваквата изјава би можел да се вклучат и „ѓаволите“, кои се соочуваат со сериозни проблеми во сите линии на тимот, а менаџерот Маурисио Покетино веќе добил гаранции од раководството дека ќе добие нови засилувања.
„Овде во Англија, од големите клубови, Манчестер јунајтед е тимот што најмногу го сакам. И Рајан го кажа истото. Кога бев дете и јас го гледав Јунајтед“, откри Еванилсон.
Љубовта кон клубот од „Олд Трафорд“ кај него се родила уште во детските денови, во периодот кога дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше Кристијано Роналдо.
„Додека Кристијано играше за Јунајтед, гледав многу снимки од неговите најдобри потези. И, човече, кога ќе помислам дека сега сум овде и играм против нив... Ова ми е трета сезона како играм против нив. Постигнав гол минатата сезона, а погодив и оваа сезона на 'Олд Трафорд'“, изјави бразилскиот фудбалер.
На крајот, тој јасно подвлече дека со големо задоволство би го облекол дресот на великанот од Манчестер.
„Тоа би било остварување на сонот – и тоа им го кажувам на сите во интервјуата – ми беше сон да заиграм на тој стадион, а постигнувањето голови го прави сето тоа уште позначајно. Значи, постигнувањето гол против Јунајтед е остварување на сонот, со оглед на тоа колку е голем тој клуб“, заклучи Еванилсон.
Инаку, 27-годишниот Бразилец пристигна во редовите на Борнмут во летото 2024 година од Порто за сума од 45 милиони евра. Во тековната сезона игра во одлична форма и досега запиша осум погодоци и пет асистенции на 15 одиграни натпревари во сите натпреварувања.