Тага и долзи на Арената: Шкендија се прости од Агрон Мемеди пред мечот со Силекс (ФОТО)

Почетокот на денешниот натпревар меѓу Шкендија и Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје мина во знакот на длабока тага и емоции во чест на починатиот помошен тренер на тетовскиот клуб, Агрон Мемеди.

Непосредно пред стартот на средбата, сите фудбалери на Шкендија истрчаа на теренот во маички со ликот на Мемеди, оддавајќи му последна почит на својот довчерашен тренер и соработник. Покрај овој гест, клубот му врачи и специјален дрес на семејството на Агрон Мемеди.

Пред првиот судиски свиреж на Арената беше одржано и едноминутно молчење во негова чест, а фудбалерите на Шкендија, видно потресени и скршени од болка поради големата загуба, го играат натпреварот против Силекс под силен емотивен набој. Но и тоа не ги спречи да го имаат водството по првото полувреме со голот на Тамба во 18. минута.