Јокиќ блесна со трипл-дабл за Денвер во луд натпревар против Чикаго! (ВИДЕО)
Српскиот центар заврши со 37 поени, 18 скока и 11 асистенции, со што стигна до 202. трипл-дабл во кариерата. Со тоа дополнително се приближи до рекордот на Расел Вестбрук, кој е на врвот на историската листа со 209 трипл-дабл учиноци.
Сепак, Јокиќ не беше единствениот херој на Денвер. Џамал Мареј одигра фантастичен натпревар и постигна 45 поени, од кои осум во продолжението, кога гостите го зададоа решавачкиот удар.
Останати резултати:
Мајами – Оклахома 123-113
Јута – Далас 114-116
Вашингтон – Орландо 116-96
Њујорк – Индијана 113-106
Голден Стејт – Бостон 88-87
Фото: Facebook/Denver Nuggets