Лудило со осум гола во Бергамо: Елиф Елмас и другарите херојски го сопреа Интер! (ВИДЕО)
Пио Еспозито одигра фантастичен натпревар и постигна хет-трик, но тоа не беше доволно Интер да слави победа. Стрелец во голеадата беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој го постигна третиот гол во дресот на калчолигашот.
Интер по половина час игра дојде до предност од два гола со головите на Еспозито во 16-тата и 32-та минута. Елмас брзо ја врати Аталанта во живот со гол во 35-тата минута. Со предност од еден гол Интер замина и на одмор, а на стартот од вториот дел го постигна третиот гол за 3-1.
На 20-тина минути пред крајот Де Кетеларе повторно ја врати Аталанта на гол негатива, но Сучиќ од пенал во 75-тата се погрижи за 4-2. Ниту тогаш не се откажа Аталанта, Де Кеталаре го псотигна својот втор гол во 80-тата минута, а Кеси од пенал во првата минута од судиското продолжение ги постави конечните 4-4.