Откриено е што му кажал Фермин на судијата за да добие црвен картон од клупата (ВИДЕО)

Фермин Лопез беше еден од хероите на големиот пресврт на Барселона против Виљареал (3-2), но натпреварот го заврши со црвен картон, и тоа во моментите кога веќе беше на клупата за резервни фудбалери.

\Шпанскиот играч од средниот ред постигна гол за 2-2, по што тренерот Ханси Флик го замени со Дани Олмо. Сепак, неколку минути подоцна, Фермин доби директен црвен картон иако воопшто не беше на теренот.

Причината за исклучувањето е наведена во записникот на судијата Алехандро Хозе Ернандез Ернандез. Според пишувањата на шпанските медиуми, Фермин станал од клупата и се упатил кон четвртиот судија. Му се приближил на многу мала оддалеченост и гласно протестирал, постојано повторувајќи: „No me jodas!“, што во слободен превод значи „Не ме зафркавај!“.

Шпанските медиуми пишуваат и дека Фермин заминал во соблекувалната пред главниот судија воопшто да успее лично да му го покаже црвениот картон. Ханси Флик не беше убеден дека одлуката е исправна и побара објаснување за казната на својот фудбалер.

Барселона така ќе биде без Фермин на следниот првенствен натпревар против Депортиво, а дисциплинската комисија дополнително ќе одлучи колку долго ќе трае неговата суспензија.