Арсенал не го искористи киксот на Сити и освои само бод кај Њукасл (ВИДЕО)

Арсенал одигра 2-2 на гостувањето кај Њукасл, па наместо да ја зголеми предноста на врвот на табелата, освои само еден бод во натпревар во кој имаше сериозни проблеми во второто полувреме.

Избраниците на Микел Артета беа подобриот противник во првото полувреме и ја крунисаа иницијативата со погодокот на Езе во 34. минута. Арсенал имаше контрола врз играта, но по паузата на теренот се појави сосема поинаков Њукасл.

Домашниот состав тргна многу поофанзивно и брзо стигна до израмнување. Во 50. минута Харви Барнс ја искористи асистенцијата на Осулa и ја врати неизвесноста во дуелот. Притисокот на Њукасл продолжи, а во 62. минута Малик Тијау донесе целосен пресврт и ги доведе домаќините во водство од 2-1.

Проблемите за Арсенал се зголемија осум минути подоцна, кога поради повреда натпреварот мораше да го напушти голманот Давид Раја. На негово место влезе Кепа Аризабалага, но гостите сепак успеаја да избегнат пораз. Во 78. минута Нони Мадуеке ја затресе мрежата на Њукасл и ги постави конечните 2-2.

Фото: Facebook/Arsenal