Драма во Србија пред очите на Мојсов - голман загуби свест по жесток судир! (ВИДЕО)

Драматична сцена денеска се случи во српската Суперлига пред очите на македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов.

Голманот на тимот кој го предводи Мојсов, Земун, Мишо Дубијаниќ во еден момент на топката тргна на топката и се судри со противничкиот напаѓач.

Дубијаниќ доби удар во главата по што остана да лежи на теренот, а според информациите кратко останал и без свест пред да му биде пружена помош од медицинскиот тим. Голманот беше заменет во 52. минута, а Земун го загуби натпреварот со 1-0.