Дефанзивец на Порто се расплака по комичен автогол, го тешеше дури и противнички фудбалер (ВИДЕО)
Тој постигна комичен автогол со кој му овозможи на тоталниот аутсајдер Паредес да израмни на 1-1. Веднаш по киксот, фудбалерот на Порто беше целосно скршен, се расплака на теренот и побара веднаш да биде заменет. Сепак, наместо критики, следуваше прекрасна спортска сцена – неговите соиграчи, тренерот, публиката на стадионот „Драгао“, па дури и противничките фудбалери му аплаудираа, го тешеа и му даваа безрезервна поддршка.
Моура на крајот сепак ја напушти играта 13 минути по автоголот, но најголемо олеснување почувствува по завршувањето на мечот, откако Порто успеа да избори пласман во следната рунда по подоброто изведување пенали. Во одбрана на својот фудбалер по натпреварот застана и тренерот на Порто, Франческо Фариоли, кој ја истакна хуманата димензија на овој настан.
„Она што му се случи беше несреќен инцидент, но сите играчи на теренот и навивачите му покажаа љубезност и поддршка. Тој имаше позитивно влијание врз играта, освен автоголот. Сите сме со него, ние сме семејство и во овие моменти мора да бидеме обединети. Грешките се грдиот дел од фудбалот, но убавиот дел е што имате шанса да реагирате. Начинот на кој реагираа навивачите е многу убава слика, но морам да го споменам и играчот на Паредес кој го прегрна во тој момент. Има работи што се поголеми од фудбалски натпревар“, изјави Фариоли.