Големиот Том Брејди почнал преговори за влез во Челси
Брејди неодамна се повлече од сопственичката група на Бирмингем, а според изворите на британскиот медиум, тоа го направил токму за да си отвори можност за инвестиција во Челси. Се наведува и дека Американецот има добри односи со Бехдад Егбали, еден од челниците на инвестицискиот фонд „Клирлејк Капитал“, кој по повлекувањето на Тод Боели и Марк Волтер ја презеде целосната контрола врз лондонскиот клуб.
Бирмингем на 9 ноември официјално објави дека Брејди повеќе не е дел од сопственичката структура, по три години поминати во клубот, без да ја открие причината за неговото заминување.
Неговото повлекување изненади многумина, особено поради одличните резултати на Бирмингем оваа сезона. Тимот моментално е на првото место во Чемпионшип со осум победи, пет нерешени средби и два порази.
Претходно, „Телеграф“ објави дека Брејди имал проблеми со усогласувањето на обврските како НФЛ-коментатор и функцијата косопственик на англискиот клуб. Покрај тоа, тој е и малцински сопственик на Лас Вегас Рејдерс во НФЛ и на женскиот кошаркарски тим Лас Вегас Ејсис.