Кипарските медиуми ја респектираат Македонија: Противник што не смее да се потцени
Порталот 24sport посебно ги издвојува двете најголеми историски достигнувања на македонската репрезентација – првиот настап на Европското првенство во 2021 година и сензационалната победа над Италија во Палермо, во полуфиналето од баражот за Светското првенство во 2022 година. Токму триумфот над тогашниот европски шампион со 1-0 е посочен како еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот фудбал.
Кипарскиот медиум посветува внимание и на селекторот Гоце Седлоски, кој ја презеде репрезентацијата во декември 2025 година. Се потенцира неговото искуство како поранешен капитен на националниот тим, за кој одигра 100 натпревари, како и тренерската кариера во Вардар, Шкупи и Рига. Особено се истакнуваат трите шампионски титули што ги освоил во македонскиот фудбал.
Сепак, авторот не ја премолчува ниту слабата резултатска серија на Македонија во последното издание на Лигата на нациите. Нашата селекција настапуваше во групата со Швајцарија, Словенија и Шкотска во Б-лигата, но забележа шест порази на исто толку натпревари. Македонија го заврши натпреварувањето без освоен бод, со само еден постигнат и 15 примени голови.
„Кога станува збор за играчкиот кадар, најголема ѕвезда е Елиф Елмас, кој настапува за Аталанта. Меѓу фудбалерите на кои нашите фудбалери ќе треба да обрнат посебно внимание се споменуваат и капитенот Енис Барди, голманот Столе Димитриевски, Езќан Алиоски и напаѓачот Бојан Миовски.
Македонија е противник кој не смее да биде потценет. И покрај послабите резултати во последниот циклус, квалитетот и меѓународното искуство на неколкумина репрезентативци можат да бидат сериозен адут во претстојните пресметки“, пишува во текстот.
Слично размислува и порталот Kerkida кој, сепак, потсетува дека Македонија имаше гол-разлика 1-15 во Лигата на нации што, според авторот, е доказ дека Кипар може да се надева на добар резултат.