Фадуил броеше од 11, Мулти Есенс се држеше едно полувреме против шампионот

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедлива победа над Мулти Есенс (38-33) во рамките на 11. коло од македонската Суперлига.

Домашниот состав п првото полувреме се држеше на само два гола негатива (17-19). Сепак, во продолжението вардарци ја презедоа целосната контрола врз резултатот и не дозволија некакво изненадување.

Најзаслужен за триумфот на Вардар беше Матео Фадуил со 11 погодоци, додека Бобан Поповски постигна девет. Кај Мулти Есенс најефикасен беше Матеј Тевдовски со пет гола.

Со овој триумф Вардар остана единствената максимална екипа под 11 кола, додека Мулти Есенс се наоѓа на последното место без победа и со само два освоени бода.

Во следното коло Вардар ќе се соочи со Пелистер 2, додека Мулти Есенс ќе ги одмери силите со Алкалоид.