(ВИДЕО) Бошко Ѓуроски против Кипар го постигна првиот хет-трик во историјата на македонската репрезентација
Главен актер во таа приказна е Бошко Ѓуроски, кој на 17 декември 1994 година го постигна првиот хет-трик во историјата на македонската А-репрезентација.
На натпреварот одигран во Скопје, Македонија славеше убедлива победа од 3-0, а Ѓуроски беше стрелец на сите три гола. Со тој настап се запиша во историјата како првиот македонски фудбалер кој успеал да постигне три погодоци на еден репрезентативен натпревар.
Тоа беше прв од само петте хет-трика во историјата на македонската репрезентација. По Ѓуроски, по три гола на еден натпревар постигнаа уште: Дејви Главевски против Лихтенштајн во 1996, Артим Шаќири против БиХ во 2002, Александар Трајковски против Црна Гора во 2015 и Енис Барди против Ерменија во 2021 година. Интересно е тоа што триумфот против Кипар таа 1994 година беше прв за македонската репрезентација во еден квалификациски натпревар откако претходно во тој циклус одигра нерешено со Данска и Белгија, а загуби од Шпанија на домашен терен.
Повеќе од три децении подоцна, Кипар повторно се најде на патот на Македонија. Овојпат влогот е место во Б-лигата на Лигата на нации, а двата натпревари од баражот ќе бидат нова можност за македонските фудбалери да ја продолжат успешната приказна против оваа селекција.