Ќе се офајди и Македонија: УЕФА ќе подели 2.36 милијарди евра на своите членки!
Најголемиот дел од приходите, односно 78,3%, доаѓаат од клупските натпреварувања, додека репрезентативните натпреварувања учествуваат со 20,4%. Останатите 1,3% се обезбедуваат од други извори.
Дури 76% од нето-приходите одат директно кон клубовите. Од нив, 66% се наменети за распределба меѓу клубовите, додека дополнителни 10% се издвојуваат за солидарни исплати и поддршка на фудбалски развојни проекти.
Националните фудбалски асоцијации добиваат 11,8% од средствата, односно околу 2.36 милијарди, кои се наменети за учество во машките Европски првенства, квалификациите за Европските првенства и Лигата на нации. Оваа сума ќе биде поделена меѓу сите 55 членки на Европската федерација.
Не е познат точниот процент кој ѝ и припадна на македонската федерација, но нема дилеми дека сумата ќе биде голема.

Од останатите средства 9,7% се предвидени за развој на фудбалот. Овие средства опфаќаат финансирање на други натпреварувања, како женскиот фудбал, футсалот и програмата „Хет-трик“, која е најголемата солидарна иницијатива во европскиот спорт. Дел од парите се наменети и за фудбалски развојни проекти и едукација, вклучувајќи тренерски кадар, судии, женски фудбал и национални асоцијации надвор од Европа.
Најмал дел од средствата, 2,5%, се издвојува за функционирањето на УЕФА како управувачко тело, со цел трошоците да се задржат на минимално ниво и да се овозможат што поголеми инвестиции во фудбалот.