Скандал во Бразил: Нејмар пцуеше противнички навивачи – снимката стана вирална (ВИДЕО)
По завршувањето на натпреварот, 34-годишниот офанзивец и поранешен капитен на бразилската репрезентација ги загуби нервите и пред телевизиските камери упати серија тешки навреди и пцовки кон противничките навивачи.
„Немојте да се заебавате. Одите во втора лига, идиоти! Мора да ме почитувате. Почитувајте ме, е*ено сте мали“, викаше бесниот Нејмар кон трибините.
Ова не е првпат оваа сезона некогашниот ас на Барселона и ПСЖ да влезе во отворен конфликт со противниците. Во август годинава тој имаше жестока расправија и со раководството на Ремо по натпревар од Купот на Бразил. Иако Нејмар им порача на навивачите на Коритиба дека ќе испаднат во понизок ранг, реалната состојба на табелата вели дека тоа е малку веројатно. Коритиба моментално се наоѓа на 13-тото место од 20 екипи на четири кола пред крајот на првенството, додека Сантос е на осмата позиција.
На индивидуален план, Нејмар има солидна сезона зад себе со учинок од 10 голови и осум асистенции. Неговиот договор со Сантос истекува во декември, но неизвесност околу неговата иднина практично и нема, со оглед на тоа што неговиот татко е извршен директор на клубот, па фудбалерот самиот ќе може да одлучи дали ќе ја продолжи кариерата.