Aгентот на Пеп откри, Гвардиола добил нова понуда

Пеп Гвардиола одби да стане селектор на САД, а сега ја не ја прифатил и понудата од Саудиска Арабија.

Имено, како што пренесуваат бројни извори, Саудиска Арабија сака Пеп Гвардиола да ја преземе својата репрезентација, но шпанскиот стратег ја отфрлил и таа можност.

Неговиот агент, Жозеп Марија Оробитг, потврди дека Гвардиола не сака да брза со враќањето на тренерската работа.

„Во последните денови добивме понуди од Саудиска Арабија преку посредници. Гвардиола одбива дури и да размислува за која било од нив“, изјави неговиот агент.

Гвардиола летово го напушти Манчестер сити по цели 10 години и најави дека ќе направи пауза и дека нема да брза со враќањето на фудбалот.

Уште ова лето се обидоа да го ангажираат и Италијанците, но Гвардиола сметаше дека понудата пристигнала прерано, па не ја ни разгледа. Во меѓувреме, ниту проектите на САД и Саудиска Арабија не успеаја да го привлечат неговото внимание.