Родриго се враќа во татковината - добил понуда од матичниот клуб!
Бразилскиот напаѓач веќе осум месеци е надвор од терените. Тој се повреди на почетокот на март на натпреварот против Хетафе, по што мораше да биде опериран поради скинати предни вкрстени лигаменти и повреда на надворешниот менискус на десното колено.
Првичните очекувања беа Родриго да се врати во декември, но најоптимистичките прогнози сега го посочуваат јануари како период кога повторно би можел да заигра.
Во меѓувреме, Сантос сака да ја искористи ситуацијата и да го врати фудбалерот кој ги мина младинските категории на бразилскиот клуб.