Шокантно признание на Руни: Размислував на самоубиство, не сакав да видам никого!

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни откри дека зад неговите најголеми фудбалски успеси се криел тежок животен период, во кој се борел со алкохолизмот и имал самоубиствени мисли.

Поранешниот капитен на англиската репрезентација во подкастот „Life at the Midpoint“ зборуваше за психичката криза низ која минувал додека настапувал за Манчестер Јунајтед, откривајќи дека во тие моменти целосно се изолирал од луѓето.

„Кога пиев, се заклучував дома по два дена и само пиев. Се криев за мојот син да не ме гледа во таква состојба“, откри Руни.

Англичанецот призна дека проблемите во еден момент го довеле до најцрни мисли.

„Размислував за самоубиство. Не сакав да бидам со никого, не сакав да гледам луѓе на улица или да одам во продавници. На теренот се чувствував одлично, но сè останато ми претставуваше огромен проблем“, раскажа поранешниот напаѓач.

Руни на крајот успеал да се извлече од кризата со помош на терапија, но и со големата поддршка од сопругата Колин и неговото семејство.

„Колин ми помогна многу. Можеше да си замине затоа што ситуацијата беше навистина лоша, но таа остана со мене и ми помогна да го надминам тој период“, заклучи Руни.