Собир на младинките и кадетките на Македонија: Познати списоците за ЕХФ-неделата!

Македонската женска кадетска и младинска репрезентација имаат собир пред претстојните предизвици на ракометните терени.

Селекторската на младинската репрезентација, Даниела Новеска Вељаноска објави список со 19 ракометарки.

Собирот на младите ракометарки е закажан за понеделник, 23 ноември, во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот на кадетската репрезентација, Славиша Димитријески го објави списокот на ракометарки за квалификацискиот турнир за Европското првенство (ЕП).

Собирот на ракометарките е закажан за понеделник, 23 ноември, во 17 часот во салата „Расадник“.