Македонија У19 ја победи Малта со гол во 92. минута по голема драма!
Македонија со голот на Филип Цветковски поведе во 32. минута, а нашите репрезентативци ја чуваа предноста сè до 76. минута кога Зиас Њуел погоди за 1-1.
Јаков Стојковски ја врати предноста за Македонија во 81. минута, по што следеше голема драма во завршницата.
Малта најпрво израмни преку Дензел Атард во 89. минута, а во судиското надополнување Габриел Талески погоди за конечните 3-2.
Македонија го освои второто место во групата 5 со четири бодови, додека Швајцарија заврши прва со девет поени.
Фото: ФФМ