Македонија У17 со пораз ги заврши квалификациите, но продолжува во Лига А!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од Турција со 0-3 во третиот меч од првата квалификациска фаза за Европското првенство (ЕП) во 2027 година.

Турција поведе со голот на Дениз во 16. минута, а до крајот на првиот дел стрелаше и Кабакташ. Додека во второто полувреме Сивашлиоглу ја запечати победата од 3-0.

Поразот од Турција, сепак, нема последици за македонските фудбалери кои претходно триумфираа над Унгарија и Сан Марино и го обезбедија пласманот во елитната рунда на квалификации, односно Лига А.

Македонија го освои второто место во групата со шест бодови, додека Турција е прва со девет поени.

Фото: ФФМ