Бразил го прегази Сингапур, Винисиус даде хет-трик за 12 минути! (ВИДЕО)

Бразилската фудбалска репрезентација немаше милост за Сингапур (7-0) во пријателски натпревар, а посебно импресивен беше Винисиус Жуниор.

Ѕвездата на Реал Мадрид постигна хет-трик за само 12 минути, односно во период од деветтата до 21. минута.

Ендрик го постигна четвртиот гол за „кариоките“ во 31. минута, а стрелаше и Естевао, но голот беше поништен од ВАР-технологијата поради прекршок.

Бразил постигна уште три погодоци во вториот дел, и тоа преку Естевао, Рајан и автогол на Сухаими.

Фото: Facebook/Confederação Brasileira de Futebol