Познат составот на Пелистер: Червар остана без еден голман за Гумерсбах

Македонската екипа Пелистер денеска од 20.45 часот ќе се соочи против Гумерсбах во Европската лига на ЕХФ, а тренерот Лино Червар ги избра ракометарите за натпреварот.

Битолчани ќе бидат без голманот Саид Хаидаридад, но Червар ги има на располагање Никола Митревски и Давид Брестовац.

Пелистер за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето ќе мора да остане непоразен во пресметката со Гумерсбах.