Сити ја одреди цената за продажба на Халанд – Реал и Барса влегуваат во нова војна!

Англиските медиуми очекуваат раководството на Манчестер Сити да се согласи да го продаде својот најдобар стрелец, Ерлинг Халанд, за време на претстојниот летен преоден рок, согласно сè погласните шпекулации за огромната неизвесност околу евентуалните драконски санкции со кои може да се соочи актуелниот англиски шампион.

„Граѓаните“, наводно, веќе ја одредиле цената за слободата на норвешкиот напаѓач и ќе бараат отштета од околу 180 милиони евра. За услугите на еден од најдобрите голгетери на денешницата веќе постои сериозен интерес од неколку европски гиганти, меѓу кои најмногу се истакнуваат Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и ПСЖ.

Раководството на Сити ја остава отворена можноста за разделба со Норвежанецот, а имајќи ги предвид околностите околу клубот, патот кон негово заминување и барање нов предизвик надвор од Премиер лигата станува сè поизвесен. Шпанската Ла Лига во моментов се посочува како примарна дестинација за Халанд доколку тој дефинитивно одлучи да го напушти „Етихад“, при што лутите ривали Реал Мадрид и Барселона се главните фаворити кои ќе ја водат битката за неговиот потпис.