Жесус: Сега треба ли и на мајката на Роналдо да одговарам?

Селекторот на Португалија беше запрашан да ги коментира критиките на Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, упатени кон луѓето во националниот тим и фудбалскиот сојуз.

Мајката на Кристијано Роналдо јавно ги критикуваше случувањата во репрезентацијата на Португалија, а особено нејзиното незадоволство беше насочено кон луѓето во фудбалскиот сојуз.

„Секако дека Кристијано Роналдо беше лут, го измамија, а и јас сум лута. Поразот од Данска беше целосно заслужен, бев среќна“, изјави Долорес Авеиро.

Кога новинарите побараа од селекторот Жорж Жезус да ја прокоментира нејзината изјава, тој реагираше видно изнервиран.

„Сега треба да ѝ одговарам и на мајката на Кристијано Роналдо?! Тоа е дама која исклучително ја почитувам. Што може таа да каже? Мајка си е мајка, тука нема што. Ги разбирам нејзините изјави“, порача Жорж Жезус.